Сирики Диабате е замената за Велковски во Вардар

Вардар обезбеди нов фудбалер за продолжението на сезоната, тоа е Сирики Диабате. 23-годишникот од Брегот на Слоновата Коска ќе настапува на позицијата централен дефанзивец.

Тој доаѓа од екипата на Муаитер од Втората лига на Катар. Претходно има играно и во Бугарија, во екипите на Ботев Пловдив и на Ботев Враца.

Диаките е висок 192 сантиметри, има одлични физичките предиспозиции и ќе биде нова опција во одбранбената линија на „црвено-црните“, стои на фејсбук профилот на Вардар.