Сити бара 90 милиони евра за продажба на Алварез

Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентинската репрезентација Хулијан Алварез би можел да го напушти „Етихад“ ова лето.
Алварез го известил раководството дека не е задоволен од својот статус во тимот и порабал трансфер во летниот преоден рок.
Аргентинецот не сака да седи на клупата за резервни играчи и да биде во сенка на норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд.
Алварез е член на Манчестер Сити од 2022 година, а има договор со англискиот клуб до 30 јуни 2028 година, а инетрес за него покажуваат неколку европски гиганти. Сити нема да му стои на патот и е спремен да го продаде ова лето, но за неговата слобода бара 90 милиони евра.