Сити во Лисабон без Вокер, Грилиш и Жесус

Манчестер Сити ќе се појави на теренот на Спортинг во првиот меч од осминафиналето на Лигата на фудбалските шампиони.

Мечот ќе се одигра во Лисабон на стадионот – „ Хозе Алваладе“. Англискиот тим ќе биде без  Џек Грелиш , Габриел Жесус и Кол Палмер. Тоа на прес-конференција го соопшти главниот тренер на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.

Грилиш има повреда на потколеницата, Палмер има повреда на стапалото. Жесус заработи повреда на мускулот на крајот на јануари кога настапуваше за бразилската репрезентација. Реваншот меѓу Сити и португалскиот состав ќе биде одигран на 9 март во Манчестер.

Заради црвен картон нема да настапи Кајл Вокер.