Сити ги затвори вратите за понуди за Бернардо Силва
Барселона и Пари Сен Жермен се две екипи кои покажуваат интерес за ангажман на ѕвездата на Манчестер Сити, Бернардо Силва.
Португалецот е еден од најдобрите, најконстантните играчи на „граѓаните“ и воопшто не е изненадување што го посакуваат екипите како шпанскиот и францускиот шампион, но во оваа ситуација и премиерлигашот има што да каже, поточно нивната цел е офанзивецот да остане на „Итихад“.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо информира дека Сити им порачал на каталонците и „светците“ да заборават на Бернардо, односно дека немаат намера да преговраат под ниту еден услов.
Европскиот шампион ќе му понуди нов договор, но останува да се види каков е ставот на самиот играч и дали тој е отворен за заминување во овој преоден рок по шест години поминати во Манчестер.
Актуелнито договор му истекува во 2025 година.