Сити ги обнови преговорите со РБ Лајпциг за Гвардиол

Манчестер Сити ги продолжува преговорите за дефанзивецот на РБ Лајпциг, Јошко Гвардиол. Привлекувањето на Хрватот е приоритет за Пеп Гвардиола и клубот прави се за да го доведе на „Етихад“, објави Фабрицио Романо.

Двете страни допрва треба да ја финализираат цената на играчот. РБ Лајпциг инсистира да добие 100 милиони како фиксна сума, додека „граѓаните“ се надеваат дека ќе се договорат за одложено плаќање или помала сума, плус бонуси. Засега клубовите се уште не можат да најдат точка на вкрстување, но тоа не значи дека преговорите се завршени, а тие ќе продолжат и во наредните денови.

Инаку, самиот Гвардиол веќе ги прецизираше сите детали од договорот со Манчестер Сити. Тој веќе изрази желба да го носи дресот на „граѓаните“ и се надева дека двата клуба ќе се разберат и трансферот ќе се реализира пред крајот на преодниот рок.