Сити договори два трансфери, доаѓаат Черки и Рејндерс

Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо известува дека Манчестер сити е блиску до потпишување на своето прво летно засилување. Станува збор за играчот на Олимпик Лион, Рајан Черки. Според извештаите, договорот меѓу клубовите треба да биде финализиран следната недела, а станува збор за сума од 30 милиони евра.
Иако има само 21 година, Черки веќе одигра 185 натпревари за Лион. Францускиот фудбалер, кој може да игра и како крилен напаѓач, досега постигна 29 гола и забележа 45 асистенции во својата кариера.
Како што пишува „GiveMeSport“, менаџерот на Черки се сретнал со претставници на неколку клубови, а Сити добил предност во преговорите. Во тековната сезона, Черки одигра 41 настап во сите натпреварувања за Лион, постигна12 гола и забележа 20 асистенции.
Романо исто така наведува дека во наредните денови, Сити треба да го комплетира трансферот на Тижани Рејндерс. Холандскиот репрезентативец и играч од средниот ред на Милан импресионираше во Италија оваа сезона и покрај тоа што Милан заврши на осмото место.
Тој беше прогласен за најдобар играч од средниот ред во Серија А, а Сити е заинтересиран да го доведе.
Се очекува дека овој трансфер би можел да го чини Сити помеѓу 65 и 70 милиони евра. Рејндерс ја започна својата кариера во Цволе, а играше и за младинските и сениорските тимови на АЗ, со краток престој во Валвијк.