Сити договори уште еден Аргентинец, доаѓа Пероне од Велез Сарсфилд

Манчестер Сити го обезбеди потписот на уште еден аргентински талент, фудбалерот на Велез Сарсфилд, Максимо Пероне.
19-годишниот Пероне е играч од средниот ред, кој честопати беше споредуван со Френки де Јонг од Барселона и Федерико Валверде од Реал Мадрид, поради неговата игра и квалитети.
Многу европски гиганти покажуваа интерес за неговиот потпис, но Сити ја победи конкуренцијата и за трансферот ќе плати 7 милиони фунти.
„Граѓаните“ го следат аргентинскиот фудбал, од каде го доведоа Хулијан Алварез, кој стана хит на Мундијалот и неговата цена порасна неколкукратно.