Сити и Ливерпул ќе играат уште во осминафиналето на Карабао Купот

Манчестер Сити и Ливерпул ќе играат еден против друг во осминафиналето на Карабао купот. Жрепката која беше направена веднаш по натпреварот меѓу Манчестер Јунајтед и Астон Вила, ги одреди двојките и за сите останати дуели.

Домаќин на големата пресметка ќе биде Манчестер Сити. Средбата е закажана за 19 декември, само еден ден по финалето на Светското првенство.

Манчестер Сити и Ливерпул веќе двапати се сретнаа оваа сезона. „Црвените“ го совладаа тимот на Пеп Гвардиола во „Комјунити шилд“ со 3-1, а потоа се радуваа и на „Енфилд“ во Премиер лигата.

Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на лидерот во Чемпионшип, Барнли, додека Њукасл во оваа фаза домаа ќе го пречека поранешниот клуб на менаџерот Еди Хау, Бурнмаут.