Сити и Пеп го сакаат Госенс од Аталанта

Германскиот фудбалски репрезентативец и член на Аталанта, Робин Госенс, влегува во радарот на тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

Шпанскиот стратег на клупата на „граѓаните“ не крие дека му се допаѓа играта на левиот бек кој синоќа блесна на мечот со Португалија и беше прогласен за МВП.

26-годишниот Германец кој во претходната сезона постигна 12 голоа и направи осум асистенции, има договор со клубот од Бергамо до јуни во 2022 година.