Сити му нуди нов договор на Фоден
Еден ден после дерби натпреварот помеѓу градските ривали Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед, англиските медиуми ја пренесуваат веста дека Сити решил да му понуди нов договор со подобрени финансиски услови на фудбалерот Фил Фоден.
Според информациите Фоден со новиот договор би заработувал 240 илјади евра неделно, и би останал во клубот до 2027.година.
Англискиот репрезентативец е „дете“ на Манчестер Сити и се очекува негово прифаќање на новиот предлог договор во најскоро време.
Фоден на дербито со Јунајтед кое заврши со победа на Сити од 6:3, постигна хет-трик, исто како и неговиот соиграч Халанд.