Сити отпочнал преговори за Норвежанецот Халанд

Манчестер Сити веќе ги прави првите чекори за евентуален трансфер на гол-машината на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд.

Според весникот „Тајмс“, во јануари клубот ќе одржи состанок со агентот на 21-годишниот напаѓач, Мино Рајола, за да разговараат за можноста за привлекување на талентираниот фудбалер следното лето, кога ќе влезе во сила откупната клаузула од 75 милиони евра. Халанд е баран од најдобрите клубови во Европа, вклучувајќи ги и ПСЖ, Реал Мадрид и Барселона. Затоа, не е изненадувачки што англискиот шампион веќе почна да ја испитува можноста да го купи. Клубот е тесно поврзан со норвешката репрезентација, бидејќи таму помеѓу 2000 и 2003 година играше неговиот татко Алф-Инг Халанд.

Во моментов на „граѓаните“ им е потребен централен напаѓач, бидејќи единствениот во тимот е Габриел Жесус, но менаџерот Пеп Гвардиола го користи Феран Торес како „лажна деветка“. Минатото лето, Манчестер Сити се обиде да го купи  Хари Кејн од Тотенхем, но не успеаја да го привлечат.