Сити победи во 19 натпревари по ред – Гвардиола ја откри тајната на успехот

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола синоќа ги водеше „граѓаните“ до нивната 19. победа по ред во сите натпреварувања, овој пат против Борусија Менхенгладбах во Лигата на шампионите, а за медиумите ја откри и причината за ваквата форма.
Сити на првиот осминафинален натпревар славеше со 2:0 и практично го обезбеди пласманот во четвртфиналето. По натпреварот, Гвардиола призна дека парите играат клучна улoга.
„Имаме многу пари да купиме доста неверојатни играчи.“ – вели Гвардиола.
Проговори и за главните актери во победата, португалскиот тандем Жоао Кансело и Бернардо Силва.
„Кансело напредуваше и одлучи да преземе повеќе ризик во својата игра. Ни дава нешто посебно во играта. Пресреќен сум поради неговите две асистенции во завршната третина од теренот.“ – изјави Пеп, а за Силва рече дека се работи за интелигентен играч.