Сити подготви „неморален“ договор за Меси
Скоро извесно е дека Лионел Меси како слободен играч ова лето ќе ја напушти Барселона. Како и минатото лето, кога се пишуваше за негов можен трансфер, главен фаворит за доведување на Меси е Манчестер Сити. Пеп Гвардиола би сакал повторно да соработува со него и Сити е подготвен да понуди голем износ како тоа би го овозможил. Се пишува дека англиските клуб на Меси ќе му даде плата од дури половина милијарда евра на пет години. Поточно, се работи за 496 милиони, што би значело дека годишната бруто плата ќе биде 99,2 милиони, додека месечната 8,3 милиони евра. Сепак, портпаролот на Манчестер Сити за Дејли Мејл ги демантираше тие информации, велејќи дека Сити не е во преговори со Меси и дека никогаш не била испратена понуда за него.