Сити поразен, Гвардиола со пофалби за најскапиот фудбалер во историјата на лигата
Манчестер Сити на отворањето на новата сезона од Премиерлигата беше поразен во Лондон на гостувањето кај Тотенхем со 1:0. Тоа беше прв натпревар за Џек Грилиш, најскапиот фудбалер во историјата на англиската лига, во стартните 11 на Манчестер Сити.
По натпреварот, тренерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола имаше само пофални зборови за англискиот репрезентативец.
„Тој е така опасен во последната третина од теренот… кога ја имаме топката, тој секогаш има опција повеќе. Имаше неверојатен дебитантски настап и ќе биде доста важен дел од нашата екипа. Му честитам на борбеноста која ја покажа, обидувајќи се цело време да створи нешто на теренот.“ – изјави Пеп.
Манчестер Сити го доведе 25-годишниот Грилиш од Астон Вила за рекордни 117,5 милиони евра.