Сити се интересира да потпише со Погба

Се појави информација дека Пеп Гвардиола го контактирал Пол Погба со намера да го доведе во Манчестер Сити, пренесува британски „Индепендент“.

Светскиот шампион со француската репрезентација од Мундијалот во Русија пред шест години ќе се врати на терените на почетокот на јануари по 18-месечна забрана, а оваа околност би можел да ја искористи Сити на кој му е многу потребен играч од средниот ред по повредата на Родри.

Погба е слободен играч од овој месец и има апсолутно одврзани раце во преговорите со кој било клуб, па затоа би бил идеална опција за Сити бидејќи би пристигнал бесплатно на Етихад.

Истиот извор додава дека главна пречка за реализација на оваа работа би била неподготвеноста на Погба, бидејќи долги години настапуваше во Манчестер Јунајтед, во чиј дрес ги запиша првите минути во професионалниот фудбал.