Сити се намачи, но го обзбеди финалето на ФА Купот

Манчестер Сити го победи Саутемптон со 2-1 по пресврт и се пласираше во финалето на ФА Купот.

По водството на второлигашот од „Сент Мерис“ во 79-та минута, кое им го донесе мајсторски потег на Фин Азаз, и делириумот на навивачите од југот на Англија, следеше експресна реакција на фаворитот, прво соло акција и гол со многу среќа на Џереми Доку, а потоа и „торпедо“ на Нико Гонзалез.

Во финалето, Сити ќе игра со подобриот од дуелот Челзи-Лидс, натпреварот се игра утре на „Вембли“.