Сити фрли око на Калвин Филипс од Лидс
Манчестер Сити ќе се обиде да го привлече англискиот репрезентативец Калвин Филипс од Лидс, тврди утринава весникот „Сан“. „Граѓаните“ се во потрага по нов играч за врска, бидејќи се очекува на лето тимот да го напушти Фернандињо, а можеби и Илкај Гундоган, за кого во последните денови се интензивираа шпекулациите дека ќе се пресели во друг клуб.
На менаџерот на тимот Пеп Гвардиола му се допаѓа играчот од средниот ред на Лидс и неговата способност да работи подеднакво добро во двете фази од играта. Се очекува Лидс тешко да се раздели со играчот и да побара сериозна сума за околу 50 милиони евра за Филипс. Во зима одбија понуда вредна 50 милиони фунти од Вест Хем и се очекува да побараат меѓу 60 и 70 милиони фунти. Минатото лето Манчестер Сити плати 100 милиони за Џек Грилиш од Астон Вила, но не успеа во обидите да го привлече Хари Кејн.
Филипс е меѓу опциите за засилување на средниот ред на градскиот ривал Манчестер Јунајтед, но „Сан“ тврди дека ќе преферира понуда на шампионите доколку треба да избере.