Сити ја одби понудата на ПСЖ за Бернардо Силва
Манчестер Сити ја одби понудата на ПСЖ за португалскиот играч за врска Бернардо Силва.
Според некои медиуми, парижаните биле подготвени во зделката да го вклучат голманот Џанлуиџи Донарума или играчот од средниот ред Марко Верати, но таквите услови не му одговарале на Манчестер Сити.
Во сезоната 2022/2023, Бернардо Силва одигра 55 натпревари на кои постигна седум гола и забележа осум асистенции. Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 80 милиони евра.
Оваа година беше посебна за Манчестер Сити кој освои три титули, Лигата на шампионите – 2022/2023 година, Премиер лигата и ФА Купот.