Сити ја одби првата понуда на Ал-Наср за Едерсон
Манчестер Сити ја одби првата понудата на Ал-Наср за голманот Едерсон, пренесуваат медиумите на Островот
Саудискиот клуб понудил 25 милиони за 30-годишниот Бразилец, но Сити ја одби понудата бидејќи сака да добие двојно повеќе за неговата слобода.
Ал Наср не се откажува и спрема нова понуда, а се очекува двете страни да се договорат за 40 милиони евра. Голманот има желба да го напушти „Етихад“.