Сити ја одреди цената, Габриел Жесус вреди 50 милиони евра
Манчестер Сити им соопшти на заинтересираните клубови по која цена е подготвен да се раздели со напаѓачот Габриел Жесус. „Граѓаните“ се подготвени да го ослободат Бразилецот доколку добијат понуда вредна 50 милиони евра.
Фудбалерот речиси сигурно ќе го напушти „Етихад“ ова лето. Манчестер Сити веќе ангажираше двајца играчи Ерлинг Халанд и Јулијан Алварез, па Хесус ќе има многу помали шанси да игра доколку остане во клубот. На крајот и двете страни решија дека е најдобро да се разделат, па Сити веќе бараат купувач за овој играч. Згора на тоа, неговиот договор истекува за една година, па сега е најдобро време да го продаде за да може клубот да ја земе максималната сума. Неодамна се појавија информации дека Жесус им бил понуден на шпанските гиганти Реал Мадрид и Барселона, а интерес за него покажал Реал Мадрид.
Пред извесно време Бразилецот се поврзуваше и со Јувентус, но се чини дека „Старата дама“ се откажа од идејата за неговото привлекување. Во моментов најсериозен кандидат за 25-годишниот напаѓач е Арсенал. „Топчиите“ дури почнаа и разговори за негово привлекување. Сепак, Манчестер Сити се надева на друг кандидат од странство бидејќи не сака да го продаде Жесус на директен конкурент во Англија.