Сити ќе им ги врати парите на фановите кои ја следеа екипата во Норвешка

Фудбалерите на Манчестер сити одлучија да ги надоместат трошоците за билетите на сите навивачи кои патуваа на гостувањето кај Бодо/Глимт во рамки на Лигата на шампионите, натпревар на кој англискиот шампион претрпе пораз од 1-3.
Натпреварот го одбележа и исклучувањето на Родри, кој во второто полувреме доби два жолти картона за помалку од една минута. Поразот во Норвешка дојде само четири дена по неуспехот во градското дерби против Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“, со што Сити запиша само две победи на последните седум натпревари во сите натпреварувања.
На стадионот „Аспмира“ имаше 374 гостински навивачи, кои беа сведоци на едно од поголемите изненадувања во Лигата на шампионите во последните години. Поголемиот дел од навивачитте преку Осло до Бодо, а мечот го следеле на температури под нулата. За враќање на парите клубот ќе потроши вкупно 9.357 фунти.
„Нашите навивачи ни значат сè. Знаеме каква жртва поднесуваат кога патуваат низ целиот свет за да нè поддржат дома и на гости и никогаш нема да го земеме тоа здраво за готово. Тие се најдобрите навивачи на светот. Свесни сме и дека патувањето до Бодо беше долго и напорно, особено што нè поддржуваа на ладно време за време на тешка вечер за нас на теренот. Покривањето на трошоците за билетите е најмалку што можеме да направиме“, стои во соопштението од фудбалерите.