Сити ќе ја тужи Премиер лигата
Англискиот фудбалски состав Манчестер Сити покрена тужба против Премиер лигата поради правилата поврзани со спонзорски договори.
„Граѓаните“ кои се предмет на истрага поради 115 прекршувања на финансискиот фер-плеј, сега ќе бидат дел од нов судски процес по нивна иницијатива. Сити проценил дека Премиер лигата не треба да ги ограничува договорите туку спонзорите сами треба да одлучат колку ќе инвестираат во некој клуб.
Ограничувањата започнаа во 2021 година откако во екипата на Њукасл влезе голем капитал од Саудиска Арабија.