Скалони, Анчелоти и Гвардиола кандидати за тренер на 2022.година

Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА, објави дека Аргентинецот Лионел Скалони, Италијанецот Карло Анчелоти и Шпанецот Пеп Гвардиола се финални кандидати за најдобар тренер во 2022.година.
Скалони со репрезентацијата на Аргентина е освојувач на титулата од Светското првенство во Катар, Анчелоти со Реал Мадрид стигна до трофејот во Лигата на шампионите, а Гвардиола со Манчестер Сити триумфираше во англиската Премиер лига.
Наградите за најдобар тренер, ФИФА ќе ги додели на 27.февруари на свечена церемонија во Париз.