Скалони: Многу пропативме но покажавме дека можеме се да постигнеме

Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Лионел Скалони, после победата во финалето на Мундијалот изјави дека ова беше совршен натпревар, според него селекцијата пропатила многу за да стигне до целта, но на крајот покажаа дека оваа екипа може се да направи.

„Горд сум на сите, на секој играч, и на сите наши навивачи. Примивме доста удари на патот до финалето, но останавме на нозе, а тоа оваа победа ја прави поемотивна. Сакам да им порачам на нашите навивачи да слават и да уживаат. Ова е историски момент за Аргентина“, изјави Скалони.