Скалони останува селектор на Аргентина

Лионел Скалони, ќе продолжи да седи на клупата на Аргентина до 2030 година откако ги прифатил условите на челните луѓе на федерацијата.
Актуелниот договор на 48-годишниот стратег истекува во декември годинава. Тој ги презеде „гаучосите“ во 2018 година а во 2022-ра ја освои титулата на Светското првенство.
Во меѓувреме обезбеди и два трофеја на Копа Америка – во 2021 и 2024 година. Аргентинците на последниот Мундијал во Северна Америка загубија во финалето од Шпанија со минимални 1-0.