Скалони првпат го повика Гарначо во репрезентацијата на Аргентина
Селекторот на фудбалската репрезентација на Аргентина, Лионел
Скалони денеска го објави списокот на играчи за претстојните
пријателски натпревари против Панама и Курасао.
Во првите натпревари по освојувањето на светското првенство во
Катар, Аргентина ќе игра со Панама на 23 март на „Монументал“ во
Буенос Аирес, додека пет дена подоцна ќе биде домаќин на Курасао
во Сантијаго дел Естеро.
На списокот на Скалони, меѓу другите, се Лионел Меси, Анхел ди
Марија и Алехандро Гарначо, кој го доби првиот повик по одличните
настапи за Манчестер Јунајтед.
Претходно оваа недела федерацијата му го продолжи договорот на
Скалони до 2026 година.
Голмани: Франко Армани (Ривер Плата), Џеронимо Руљи (Ајакс),
Емилијано Мартинез (Астон Вила);
Дефанзивци: Хуан Фојт (Виљареал), Гонзало Монтиел (Севиља),
Науел Молина (Атлетико Мадрид), Нојен Перес (Удинезе), Херман
Пецеља (Бетис), Кристијан Ромеро (Тотенхем), Николас Отаменди
(Бенфика), Лисандро Мартинез (Манчестер Јунајтед). ), Николас
Таљафико (Лион), Маркус Акуња (Севилја), Лаутаро Бланко (Елче);
Среден ред: Леандро Паредес (Јувентус), Гвидо Родригез (Бетис),
Енцо Фернандез (Челзи), Максимо Пероне (Манчестер Сити),
Езекиел Паласиос (Леверкузен), Родриго де Пол (Атлетико Мадрид),
Факундо Бонаноте (Брајтон), Тијаго Алманда ( Атланта), Џовани ло
Селсо (Виљареал), Алексис Мекалистер (Брајтон), Анхел Ди Марија
(Јувентус), Анхел Кореа (Атлетико Мадрид), Емилијано Буендија
(Астон Вила), Валентин Карбони (Интер), Лионел Меси (ПСЖ),
Пауло Дибала (Рома);
Напаѓачи: Лаутаро Мартинез (Интер), Хулијан Алварез (Манчестер
Сити), Алехандро Гарначо (Манчестер Јунајтед), Николас Гонзалес
(Фиорентина) и Алехандро Папу Гомез (Севиља).