Скандал во У-19 репрезентацијата на Холандија

Селекторот на холандската У-19 репрезентација Берт Контерман исфрли пет млади фудбалери од кампот на репрезентацијата воочи пријателскиот натпревар со Италија, отккао ги прекршија мерките на карантин.

Иако не е објавено точно зошто, холандските медиуми пишуваат дека Арјани Марта, Начи Унувар, Рио Хилен, Мимеирхел Бенита и Чави Симонс се исфрлени бидејќи во хотелот во кој беше сместена репрезентацијата довеле неколку девојки.

Репрезентативците мораа да бидат под строги мерки на изолација поради коронавирусот, а со својот непромислен потег ја загрозија сигурноста на целата екипа. Марта и Бенита наводно први дошле на идејата да повикаат девојки во своите соби, а потоа им се приклучија и останатите. Откако беше откриено што направија, селекторот ги испрати назад во своите клубови.