Скендеровски го објави тимот за футсал двомечот против Црна Гора

Селекторот на нашата футсал репрезентација, Васко Скендеровски, го објави поширокиот список за двата пријателски меча со Црна Гора закажани за утре и задутре  во СЦ Борис Трајковски.

„Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат. Резултатот е значен за подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство“, вели Скендеровски.

Повикани играчи: Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами); Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (ФК Ликени, Косово), Адријан Мицевски (Штутгартер 2020, Германија).