Сколс импресиониран од младиот Кенан Јилдиз

Јувентус се избори за победа во дерби соочувањето со Манчестер Сити во Лигата на шампионите, средба која заврши со 2-0 со головите на Душан Влаховиќ и Вестон МекКени во второто полувреме.
Со ова „старата дама“ ја прекина серијата на нерешени натпревари или по точно еден месец се радуваше на победа, додека пак Сити продолжи да тоне и најдобар доказ за тоа е само едната остварена победа на последните десет средби во сите конкуренции.
Пресметката во Торино со внимание ја испратил и легендарниот англиски ас, Пол Сколс кој имаше една интересна реакција и тоа за играчот кој дефинитивноо го импресионирал.
„Кој по ѓаволите е овој Јилдиз“, порача Сколс алудирајќи на 19-годишниот Кенан кој беше асистент на првиот гол на „бјанконерите“.