Сколс: Само два клуба може да си го дозволат Халанд

Пол Сколс е една од големите ѕвезди која по крајот на играчката кариера е доста актуелен со своите анализи, коментари на актуелните фудбалски теми, а една таква дефинитивно е Ерлинг Халанд и неговата иднина во Борусија Дортмунд.
Норвежанецот има дадено 49 голови на 51 натпревар за Дортмунд и многумина сметаат дека по крајот на оваа сезона си заминува од Германија. Се споменуваат клубови од Англија, Шпанија, но според Сколс реалноста е дека можат само две екипи да го платат-тоа се Манчестер Јунајтед и Челси.
„Мислам се работи за тоа кој клуб може да го плати, нема многу клубови кои можат тоа да го направат. Мислите на Реал и Барселона, вревата што се прави, ама веројатно тие не можат да ги платат тие пари. Манчестер Сити исто не сака да ги даде тие пари, ама Гвардиола скоро и да не игра со „деветка“ во нападот“, смета Сколс.