Скопје слави службена победа, суспендиран теренот на Саса

Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), службено со 0-3 во корист на гостинската екипа го регистрираше натпреварот ФК Каменица Саса – Скопје од 15. коло во Втората фудбалска лига.

Натпреварот во Македонска Каменица беше прекинат во 71. минута при резултат 1-1. Исто така, комисијата донесе одлука за суспензија н атеренот на Каменица Саса во Македонска Каменица за одигрување на натпревари. Одлуката е во сила се до донесување на конечна одлука на Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).  

Одлуките на Комисијата за натпревари се донесени врз основа на извештаите на официјалните лица од натпреварот (судии и делегат). Натпреварот Каменица Саса – Скопје беше прекинат поради вербален и физички напад на претставници на гостинската екипи.

Комисијата за натпревари во рамки на ФФМ, исто така, го предаде на дисциплинска комисија тимот на Башкими. За евентуални санкции за екипата од Куманово ќе решава дисциплинската комисија на ФФМ поради лоша организација на мечот Башкими – Брегалница од 15. коло во ВМФЛ.