Славија доминантно ја одбрани титулата во чешкиот шампионат
Фудбалерите на Славија Прага ја освои третата последователна титула во Чешка и 21-та во својата клупска историја. Славија го обезбеди трофејот на пет кола пред крајот на шампионатот откако главниот и лут градски ривал Спарта Прага одигра само 2-2 на гостувањето кај Либерец. Така, Славија започна да ја слави титулата уште пред почетокот на нивниот натпревар од колото против Викторија, кој на крајот го добија со убедливи 5-1. Екипата на Славија е недостижна на врвот со 78 бода, Јаблонец е втор со 62, а Спарта е трета со 59 бода и натпревар помалку.
