Славната Малага испадна во третата шпанска категорија

Вчера Малага беше поразена со 2-1 на гостувањето кај Алавес во 41. коло од шпанската Сегунда и со тоа и официјално го потврди испаѓањето во третата лига на шпанскиот фудбал.

Алавес поведе во 46. минута со голот на Асиер Вилалибре, а Луис Муњоз израмни за Малага во 77. минута. Конечните 2:1 ги постави Тони Моја во 87. минута. Малага со овој пораз остана 19-та во првенствениот поредок со 43 освоени бодови, а пред крајот на првенството има седум бода помалку од Б тимот на Виљареал и Спортинг Хихон, па веќе немаат шанси да стигнат до место што гарантира спасение. Освен Малага, лигата ја напуштаат Луго, УД Ибица и Понферадина

Неизвесно е и на врвот, каде продолжува грчевитата борба за влез во Ла Лига. Гранада со 72 бода, Лас Палмас со 71, Алавес со 70 и Леванте со 69 ќе бараат клучни победи во последното коло за директен пласман во првата лига, а двете екипи кои нема да стигнат ќе одат во баражот.