Словенецот Пајовиќ ќе го предводи Флензбург
Германскиот ракометен гигант, Флензбург, објави дека нов тренер на првиот тим ќе биде искусниот Алеш Пајовиќ.
46-годишниот стратег е селектор на Австрија последниве шест години и оствари добри резултати (двапати се пласираше во Топ-8 на Европските првенства), а сега доби предизвик кој тешко се одбива и наскоро ќе го преземе бундеслигашот.
Флензбург долго трагаше по наследникот на Николеј Крикау, а изборот падна на Словенецот Пајовиќ, кој има огромно играчко искуство од настапите во Целје, Сиудад Реал, Магдебург и Кил.