Словенецот Тадеј Погачар е велосипедист на годината
Словенецот Тадеј Погачар ја доби престижната награда „Вело дор“ за најдобар велосипедист на годината.
Ова не е неочекувано бидејќи 26-годишникот триумфираше на нереални 25 трки оваа година, вклучувајќи ги Џиро д’Италија и Тур де Франс, додека ги прескокна Олимписките игри и Вуелта.
Процентот на освоени трки на кои учествувал Погачар е неверојатни 44,6 отсто. Доминацијата на Словенија на големите турнеи ја круниса 35-годишниот Примож Роглич (Ред Бул-Бора) со триумф во Шпанија, само четврти пат во историјата победниците на сите три трки во иста година да бидат од иста земја.