Словенците се жалат на високите цени на билетите во Загреб

Еден од организаторите на ова СП во ракомет, Хрватска, кога требаше да бира, ја одбра Словенија да игра во Загреб, а Македонија имаше среќа во ждребката па ја доби групата во Вараждин.

Секако дека нашите навивачи без разлика на далечината од 900 км во еден правец и цените за сместување и храна се одлучија да дојдат во Вараждин и да ја бодрат нашата ракометна репрезентација. И покрај високите цени за македонски стандард, голм број на навивачи издвојуваат значителна сума за да бидат дел од овој ракометен Мундијал.

За разлика од нашите фанови, навивачите на Словенија и Унгарија не се одлучија на тој потег и далеку од очекуваното се присутни во Загреб и Вараждин. Во првата фаза во Загреб, некаде околу 500 навивачи на Словенија ги следеа натпреварите на свооите ракометари, а се пожалија на високите цени на влезниците и воопшто се што може да се купи во сала.