Слот го менува Салах со уште еден египетски ас
Ливерпул планира да потроши сериозна сума на пари за една од своите трансфер цели. Станува збор за голгетерот на Ајнтрахт Франкфурт, Омар Мармуш.
„Црвените“ сакаат да го имаат офанзивниот фудбалер во својот состав уште во јануари, а во Англија тврдат дека клубот од „Енфилд“ е подготвен да понуди 60 милиони фунти за египетскиот интернационалец.
Многумина потегот на Ливерпул го протолкуваа како обид да се најде замена за Мохамед Салах, чиј договор истекува на крајот од сезоната и во моментов нема индикации дека ќе биде обновен.
Мармуш има импресивна сезона во Бундеслигата, а напаѓачот постигна 13 гола на 15 натпревари од почетокот на сезоната.
Египќанецот може да игра и како централен напаѓач и на десното крило на нападот, што би било одлична опција за тренерот на „црвените“, Арне Слот.