Слот го фали Гакпо: За мене тој е сигурен стартер во Ливерпул

Ливерпул успеа да се пласира во четвртфиналето на англискиот Лига Куп и тоа откако го совлада Брајтон на негов терен со 3-2.

Клучна улога во овој триумф имаше холандскиот репрезентативец, Коди Гакпо кој постигна два гола во 46 и 63 минута, а по средбата менаџерот Арне Слот јасно порака дека тој сигурно ја има улогата на старер во екипата.

За мене Гакпо е редовен стартер. Тој е нашиот клучен играч. Можеби нема да го започне секој натпревар, но во најголем дел од времето ќе биде стартер, – рече Слот кој на таа позиција го има Луис Дијаз.

Тоа е жестока конкуренција меѓу Гакпо и Луис Дијаз. Ама тоа е нормално во клуб како Ливерпул, -истакна стратегот.

Премиерлигашот на другата страна како сигурно решение го има Мохамед Салах, додека некако најотворена е позицијата „девет“ затоа што освен Нуњез, тука е и Жота, а екипата може да игра и без класична деветка како што Арне играше на вчерашниот натпревар.