Слот: Исак го купивме за шест години, а не за три месеци

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот се обиде да ја одбрани лошата форма на Александер Исак кој на почетокот од својата кариера на Енфилд игра под сите очекувања.

Не е само Исак, во Ливерпул сите се лоши, овие месеци и нема некоја светла точка во тимот. Но во центарот на вниманието се Исак, Вирц и Салах како фудбалери од кои многу се очекува, но играат далеку под своите можности.

„Го потпишавме Александер Исак за шест години, не за три месеци“, вели Слот кој сака да каже дека рано е за да му се суди на напаѓачот.

Самиот Исак вели дека очекувал многу повеќе.

„Очекував многу повеќе. Јас сум првиот кој знае кога играм добро, а кога лошо. Не треба некој да ми каже. Навистина не знам зошто е толку тешко. Тоа е фудбалот, понекогаш леташ, понекогаш не. Треба само да се продолжи да се работи и да се верува“, рече Исак.