Слот: Мојот Ливерпул беше скоро па перфектен против Сити

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот е задоволен од играта на неговите фудбалери во триумфот над Манчестер Сити (2-0) вчеравечер во натпреварот од 13. коло на Премиер лигата.

„Беше речиси совршен натпревар. Поради бројот на пропуштени шанси на крајот малку стравувавме, но можеби тоа е добра работа за вакви натпревари. Така треба да биде. Но, поубаво би било да го постигневме вториот гол порано“, истакна Слот .

Ливерпул ја освои четвртата победа во низа во Премиер лигата. Екипата на Арне Слот постигна 34 бода и води на првенствената табела. На второто место се Арсенал и Челзи со по 25 бодови.