Слот потврди: Ливерпул и Конате преговараат за нов договор

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, потврди дека клубот е во преговори со дефанзивецот Ибрахима Конате во врска со продолжување на договорот.
Иднината на 26-годишникот на „Енфилд“ станува сè по важна, бидејќи неговиот тековен договор истекува во јуни оваа година. Ова значи дека клубот треба брзо да ги реши идните планови на играчот.
„Во преговори сме со него, а тоа многу зборува за нашите намери. Очигледно, сакаме тој да остане, но разговорите се во тек, па ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Немаше да ги водиме овие дискусии ако не сакавме да го задржиме“, изјави Слот за „Ливерпул Ехо“.
Тренерот, исто така, го бранеше Конате, чија игра беше критикувана за повремени грешки. Тој ја нагласи важноста на сигурноста на дефанзивецот и неговото партнерство со Вирџил ван Дајк, што го сочинува ‘рбетот на одбраната на клубот. Слот додаде дека, со оглед на проблемите со повредите и недостатокот на дефанзивци, губењето на Конате би било значителен губиток за тимот.
Конате оваа сезона одигра 33 натпревари за Ливерпул, постигнувајќи два гола, неговата пазарна вредност е 50 милиони евра.