Слот размислува да го седне Салах на клупа

Ливерпул ја започна новата сезона со високи амбиции, но последните седмици некако почнува да личи на тим без интензитет и креативност наместо да нуди добри партии и победи.

Во последните три натпревари од Премиер Лигата, Ливерпул запиша порази. Ситуацијата се затегна со поразот на домашен терен од Манчестер Јунајтед во неделата.

Сериозните прашања кои произлегоа поради неуспесите се фокусирани и на Мохамед Салах. Капитенот на „црвените“, кој долги години беше главната фигура на тимот, сега минува низ можеби најтешкиот период од доаѓањето на Анфилд.

Салах веќе не изгледа толку експлозивно, губи во двобои што порано ги добиваше со леснотија, а неговата улога во играта е многу помалку доминантна. Последниве неколку натпревари е бледа сенка од минатите сезони, што би можело да го натера Арне Слот да преземе радикална одлука.

Салах е дел од Ливерпул од 2017 година, кога беше донесен од Рома, и одтогаш е најдобар играч на Црвените. Со тимот има освоено две титули во Премиер Лигата и една во Лигата на шампионите.

Четири пати беше најдобар стрелец во најсилните европски лиги, три пати играч на годината на Анфилд и два пати африкански фудбалер на годината.