Слот: Ремито во Њукасл е реален резултат

Фудбалерите на Ливерпул доцна синоќа одиграа трилер натпревар на теренот на Њукасл кој по многу пресврти заврши нерешено 3-3. По дербито на 14 коло во Премиер-лигата, менаџерот на „црвените“, Арне Слот, направи анализа на двете полувремиња.
„Имам измешани чувства. Бевме одлични во второто полувреме но, не бевме доволно добри во првото. Можеби резултатот 3-3 е реален. Противниците беа многу агресивни. Знаев дека играта може да се промени иако многу подобро ја контролиравме топката во вториот дел“, изјави Слот.