Слукас го наполни со комплименти својот тренер во ПАО

EUROLEAGUE 2023-2024 / PLAY OFF / ΠΑΝΑΘΗΝΑΪΚΟΣ – ΜΑΚΑΜΠΙ (ΑΝΤΩΝΗΣ ΝΙΚΟΛΟΠΟΥΛΟΣ / EUROKINISSI)

Костас Слукас имаше пофални зборови за својот тренер Ергин Атаман.

Панатинаикос успеа да го совлада Фенербахче со 81:76 во петтото коло од Евролигата. Слукас одигра одличен натпревар.

Тој забележа 13 поени со три скока и исто толку асистенции за корисен индекс 20.

„На лична основа морав да реагирам, бидејќи бев лош во последните два натпревари. Реагирав, и успеав да одиграм добро“, изјави Слукас по мечот со Фенербахче.

Грчкиот кошаркар потоа го пофали својот тренер Ергин Атаман.

Имаме добра соработка. За мене во последните 7-8 години тој е најдобриот тренер во Европа. Цело време дава одговори, секогаш е гладен за успех“, изјави Слукас.