Собирот на ракометарите на 22 декември, следат силни тестови пред патот за Хернинг

Машката ракометна репрезентација на Македонија го дефинира планот на подготовки и контролни натпревари пред Европското првенство во Хернинг.

Првиот собир е закажан за 22 декември, а неколку дена подоцна репрезентативците ќе патуваат за Пореч, каде ќе играат едеи контролен меч со селекцијата на Хрватска.

По новогодишните празници ќе следи и настап на „Жолтиот Куп“ во Швајцарија, каде Македонија ќе се најде во група со Бахреи, Украина и со Швајцарија. По овие средби македонските ракометари ќе патуваат од Швајцарија директно за Данска. Премиерниот дуел со Данска е закажан за 16 јануари 2026.