Соколов: „Не разочаравме, мора да бидеме задоволни од сезонава“
Еден од најзаслужните за успехот на Еуро Никел 2005 оваа сезона беше Дарко Соколов. Со игрите во целиот тек на сезоната со право го избриша епитетот на „заборавени“, и уште еднаш покажа репрезентативен потенцијал кој треба да се искористи.
„Се боревме максимално во текот на целата серија и го дадовме максимумот. На крајот пресуди кратката клупа, но МЗТ Скопје беше подобар во оваа серија и на крајот заслужено победи. Честитки за титулата.
Но, би сакал и да се осврнам кон текот на целата сезона. Нашата амбиција од самиот почеток беше влез во шесте најдобри, а потоа ако можеме и влез во првите четири, односно плејофот. Затоа мораме да бидеме повеќе од задоволни од оваа сезона бидејќи се надминавме и влеговме во финале, а притоа не разочаравме и се боревме максимално на секој натпревар. Воедно сакам и да им честитам на сите во клубот за повеќе од успешната сезона, на колегите кои оставаа срце на терен на секој тренинг и секој натпревар. На тренерите Горан Самарџиев и Атанас Манев, на физиотерапевтот Орце кој се грижеше цела година за нас и на управата на чело со Ванчо Филков. Честитки за сите.“ – порача Соколов по финалето.