Солскјер: Вознемирен сум – ремито е добро, но не ја наметнавме нашата игра
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле-Гунар Солскјер по вчерашното реми на гостувањето кај Ливерпул (изјави дека иако имаа две одлични шанси не заслижиле да победат.
„Не заслуживме да победиме затоа што не игравме доволно добро. Не ја наметнавме нашата игра, особено во првото полувреме. Квалитетот на нашата игра се подобри во текот на натпреварот, па затоа мислевме дека треба да победиме. Создадовме две неверојатни шанси, но можеме да играме подобро од ова што го одигравме денес. Ние го знаеме ова. Можеме да дејствуваме на поорганизиран начин, да имаме повеќе посед на топка. Моравме да се браниме премногу, премногу често им дававме топка. Морам да бидам искрен, затоа ќе кажам дека сум вознемирен во моментов. Имајќи ги предвид повредите на играчите на Ливерпул, сакавме да дојдеме и да победиме. Ние не го сторивме тоа“, рече Солскјер.