Солскјер го загуби Погба за двомечот со Реал Сосиедад

Францускиот интернационалец во редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, кој се повреди во првото полувреме на саботниот натпревар против Евертон, ќе мора да паузира неколку недели, потврди англискиот состав. Фудбалерот на „црвените ѓаволи“ ќе мора го пропушти гостувањето кај Вест Хем во ФА Купот како и дуелите од Премиер лигата против ВБА и Њукасл. Погба нема да може да му помогне на тимот и во пресметката со шпанскиот Реал Сосиедад во Лигата на Европа. Неговото враќање на теренот се очекува кон крајот на февруари на дуелот со Челзи.