Солскјер го сака Мартинез во Манчестер Јунајтед

Голманот на фудбалскиот состав Астон Вила, Емилијано Мартинез може да биде замена за Давид Де Геа на голот на Манчестер Јунајтед доколку искусниот чувар на мрежата се одлучи да ја промени средината како што најавија дел од медиумите. Бидејќи според најавите и Серхио Ромеро сигурно ќе си замине, „црвените ѓаволи“ ќе мораат да обезбедат уште еден голман. Изборот паднал на Аргентинецот кој во тековнава сезона во дресот на Астон Вила не прими гол на 14 мечеви од вкупно 27 реализирани во Премиер-лигата.