Солскјер го стопирал заминувањето на Ван де Бек од „Олд Трафорд“
Агентот на Дони ван де Бек го обвини Манчестер Јунајтед дека го блокирал трансферот на неговиот клиент.
Поранешниот фудбалер на Ајакс им се приклучи на „црвените ѓаволи“ во септември во 2020 година за 35 милиони фунти плус 5 милиони како бонуси, но, не се наметна кај тренерот, Оле Гунар Солскјер. Тој имаше само 36 настапи и главно влегуваше од клупата за резерви.
Ван де Бек беше поврзуван со трансфер во Евертон, но, норвешкиот тренер го „блокирал“ трансферот. Затоа неговиот агент, Гвидо Алберс, објаснува дека Дони сака да игра редовно и дека не е задоволен од статусот.